УСЛУГИ

Брокерска куќа ЕУРОХАУС АД Скопје, согласно законот за Хартии од Вредност има дозвола да ги врши следниве видови услуги со хартии од вредност:

-Купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот

-Прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност

-Дејствување како покровител при котација

Потребни документи за склучување на Договор за посредување:

Физички лица

– Документ за идентификација (лична карта или пасош)
– Трансакциска сметка

Потребни документи за склучување на Договор за посредување:

Правни лица

– Тековна состојба од Централен регистар (не постара од 1 месец)
– Тековна состојба за вистински сопственик од Централен регистар
(не постара од 1 месец)
– Лична карта на овластено лице.
– Лична карта на вистинскиот сопственик на правното лице.
– Одлука за тргување со хартии од вредност.
– Трансакциска сметка на правното лице.

Постапка при купување / продажба на хартии од вредност

– Склучувате Договор за берзанско посредување (врз база на претходно доставената документација);
-За купување – вршите уплата на средства на сметката за порамнување (клиентската сметка) на ЕУРОХАУС АД Скопје;
– Потпишувате налог за купување/продавање на соодветните хартии од вредност
– При продавање – средствата од продажба ги префрламе на Вашата трансакциска сметка за два работни денови (T+2);
– За секоја склучена трансакција со хартии од вредност добивате Пресметка од купопродажбата.

При купување:

Однапред се врши уплата на потребните средства за купување на хартиите од вредност вклучително со провизиите на клиентската сметка на ЕУРОХАУС во НБРМ со број 100-0000000715-34, со цел на дознака: „за купување на х.в за клиент бр.____(број на склучен договор)“.

При продавање

Од вредноста на продадените хартии, се одбива сумата потребна за провизиите и се врши исплата на нето вредноста на Вашата трансакциска сметка на третиот работен ден од денот на склучувањето на трансакцијата (Т 2).

E - TRADER

Брокерска куќа ЕУРОХАУС АД Скопје ја нуди услугата Е-Trader која им овозможува на клиентите праќање електронски налози до брокерската куќа и комплетен увид во тргувањето кое е извршено преку брокерската куќа. Со Е-Trader апликацијата доволно е да имате електронски уред со пристап на интернет и независно каде се наоѓате, овозможува давање електронски налози до брокерската куќа и следење на тргувањето.

За да можете да ja користите Е-Trader апликацијата, потребно е брокерската куќа да дозволи пристап на корисникот до апликацијата. За користење на E- Trader потребно е:

- Да имате склучено Договор за електронско тргување.
- Да доставите валидна e-mail адреса која ќе се користи за понатамошната комуникација меѓу клиентот и брокерската куќа.

Како корисник на eTrader апликацијата ги добивате следните податоци:

- URL адреса за пристап до апликацијата
- Корисничко име и лозинка

ПРИЕМ И ПРЕНОС НА НАЛОЗИ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ

Брокерска куќа ЕУРОХАУС АД Скопје наскоро ќе започне да ја нуди услугата прием и пренос на налози за тргување на странски пазари преку користењето на платформата Optimtrader. Преку оваа услуга ќе им се овозможи на клиентите пристап до странските пазари и можност за тргување со хартии од вредност на истите.